Освоеното прво место во групата во Лигата на Нации може во Скопје да ја донесе селекцијата на Косово.Вечерва во Приштина косовците играат со Азербејџан и доколку победат во полуфиналето ќе играат со Македонија на „Филип Втори“.

Овој меч би бил многу тензичен ако се знае дека голем дел од албанската популација која ќе дојде на трибините ќе навива за Косово а сигурно ќе има и навивачи од Приштина.

Доколку пак биде нерешено, Косово ќе игра во полуфиналето со Грузија, а Македонија ќе игра со Белорусија.