Џоел Ембид и Бен Симонс одиграа одличен натпревар за Филаделфија севентисиксерс против Феникс санс и ја предводеа својата екипа до победа од 119-114. Центарот од Камерун оствари учинок од 33 поени и 17 скокови, додека Симонс за една асистенција не дојде до трипл-дабл и средбата ја заврши со 19 поени, 11 скокови и девет асистенции.

Со таквиот настап Ембид и Симонс ја засенија одличната партија на Девин Букер, кој го заврши мечот со 38 поени и осум асистенции.

Резултати од синоќешните натпревари

Филаделфија – Феникс  119-114

Шарлот – Бостон  117-112

Детроит – Кливленд  113-102

Милвоки – Денвер  104-98

Њу Орлеанс – Сан Антонио  140-126

Сакраменто – Оклахома сити  117-113

Индијана – Јута  121-94

Атланта – ЛА Клиперс  119-127

Мемфис – Далас  98-88