Девет натпревари и само една победа за гостите е епилогот на пресметките во НБА лигата. За издвојување е атрактивниот меч помеѓу Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс, во кој домашниот тим постигна 140 поени, новиот дабл-дабл учинок на Лука Дончиќ во дресот на Далас, како и неверојатната партија на Кемба Вокер од Шарлот Хорнетс.

Во продолжение погледнете ги најдобрите десет потези од одиграните мечеви, а најдоброто доаѓа од играчот Јанис Адетокунбо против Денвер и неговото забивање, тројката за победа на Шарлот Хорнетс на Кембa Вокер, како и преубавата акција на Феникс Санс кога комбинираа Девин Букер и Диандре Ејтон.