Фудбалерите на Интер го победија Виртус Бергамо со 8:0, а четери погодоци постигна Ромелу Лукаку.

Белгискиот напаѓач после долга трансфер сага премина во Интер од Манчестер јунајтед и веднаш покажа дека е гладен за голови.

Можеби противникот е од Д лига и не е некој конкурент, но секако на навивачите на неро-азурите ќе им годат овие погодоци на новата деветка.

Сепак, на натпреварот не играа голем број играчи кои ден претходно играа против Валенсија.