Македонскиот репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас доби подарок дрес од напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.

Елмас со овој подарок се пофали на социјалните мрежи, а во целата оваа ситуација по се изгледа улога имал и Мартин Шкртел кој своевремено играше со Уругваецот во Ливерпул.

„За Елиф“, стои во посветата на дресот.