Новиот селектор на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска за ЕП 2022.

Својот трет натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11.03.2021 (четврток) против репрезентацијата на Данска, во СЦ “Борис Трајковски”.

Четвртот натпревар ќе се одигра во Алборг, Данска, на 14.03.2021 (недела).

Поширокиот список на Кире Лазаров:

Објавен е и составот на стручниот тим на Кире Лазаров, а во него се Филип Миркуловски, Ацо Јоноски, Бранислав Ангеловски и Билјана Црвенковска.