Реал Мадрид ја презентира втората варијанта на дресот за сезоната 2019-2020 година. На дресот доминира темно сината боја, со неколку детали во злато.

Како што објаснија од клубот и од произвидителот на спортска опрема „Адидас“, инспирацијата за изгледот на дресот се црпи од амбиентот што се создава на стадионот „Сантијаго Бернабеу“  и од звуците на радоста на навивачите во сезоната кога „кралскиот клуб“ ја освои десеттата титула во Лигата на шампионите („Ла Десима“).