Последните предлог-амандмани на четворица европарламентарци за извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во нејзиниот евроинтегративен процес влеваат надеж дека одредени струи во Европа застануваат отворено на македонска страна и притоа силно ги осудуваат бугарските потези и уцени кон нашата земја, пишува Нова Македонија.
Всушност, Европскиот парламент (ЕП) веќе денеска ќе расправа и ќе гласа за годишниот извештај за Македонија, кон кој групите на зелените и социјалистите доставија предлози за измени и дополнувања, кои се однесуваат на непримерното и провокативно однесување на бугарските власти со наметнувањето несоодветни услови на Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Во еден од амандманите, претставници на бугарската влада се обвинети за изјави што поттикнуваат ревизија на историски прашања што ја засегаат Македонија и се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такви изјави и покрај тековната изборна кампања во Бугарија.

Целиот текст овде.