Владата на Народна Република Кина обезбеди 50.000 дози вакцини за коронавирус за Босна и Херцеговина, изјави кинескиот амбасадор во Босна и Херцеговина (БиХ), Ји Пинг, за време на разговорите со министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на БиХ.

Како што се наведува, Турковиќ веднаш наредил да се иницираат сите потребни механизми за што побрзо прифаќање на пратката, што ќе биде од големо значење за БиХ, додека се соочува со тешка набавка на дози за спасување живот на светскиот пазар.