Населението во сите поголеми градови ширум Западен Балкан соочени се со алармантно ниво на загаден воздух кој го намалува животен век, а најголем проблем е тоа што регионот и понатаму е зависен од јаглен за производство на струја, оценуваат Обединетите нации.

Во извештајот кој е дел од Програмата за заштита на животната средина на ОН, кој денеска е објавен, изготвен е во соработка со СЗО и институциите за управување со квалитетот на воздухот во Албанија, Србија, Црна Гора и Македонија. Извештајот се темели на податоци кои се собирани во минимум 274 денови во годината.

„Населението во овие области е изложено на некои од највисоките концентрации на воздушно загадување во Европа, до пет пати повисоко од нормите одредени на национално ниво и во Европската Унија“, се наведува во извештајот.

Се наведува дека недостатокот од пристап до современите извори на обновлива енергија во регионот се главната причина за загадување на воздухот. Петнаесет активни електрани на јаглен, од кои некои се застарени, во пет западнобалкански земји испуштаат значителни количини на сулфур диоксид, азотен оксид, прашина или ситни честички во воздухот, пишува во извештајот.

Загадувањето на воздухот во градовите од Западен Балкан предизвикува помеѓу 15 отсто и 10 отсто од вкупниот број смртни случаи и го намалува животниот век помеѓу 1,1 и 1,3 години, се наведува во извештајот.

Во надгледуваните балкански градови дневната ограничена изложеност на честичките од чад или други материи, или ПМ10, надминати се помеѓу 120 и 180 денови годишно. Тоа е многу повеќе од дозволеното според националните и ЕУ норми, кои ограничуваат на 35 такви денови во годината.