Бугарската армија почна да пренесува серија стари оклопни возила во Украина, јавува ТВ бТВ.

Бугарскиот парламент во ноември го ратификуваше договорот за испорака во Киев на 100 стари оклопни транспортери кои беа складирани во магацините на бугарското Министерство за внатрешни работи од 1980-тите. Испораката доцни поради финансиски причини.