Србија нема никаков проблем со Преспанскиот договор, напротив, таа на него гледа како на многу важен договор, истакна денес на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас, претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Северна Македонија ќе стане еден вид мост меѓу Србија и Грција“, рече Вучиќ, кој додаде дека со Договорот се отстранува еден регионален ѕид, како и за меѓусебната соработка меѓу Атина и Белград.

Српскиот претседател додаде дека доколку се оди во ред со Преспанскиот договор, тогаш е можно да се одреди тројна средба меѓу Грција, Србија и Македонија, но притоа Вучиќ потенцираше дека Белград не сака да се меша во внатрешните работи на земјите.

Тој се осврна и на односите со Косово, при што рече дека се далеку од договор со Приштина.

„Би било добро да го имаме, но се уште го нема“, додаде Вучиќ.