Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, на средба со новинарите одржана денес изјавил дека очекува вонредни парламентарни избори до мај в година. Притоа тој истакнал дека е многу важно Владата на Алексис Ципрас да падне што е можно поскоро.

Ако Каменос излезе од Владата, не гледам како Ципрас може да продолжи да владее. Затоа гледам дека краен рок за спроведување избори го гледам мај, ја пренесува „Ефимерида“ изјавата на Мицотакис.

Според него, најважно е да падне владата на Ципрас и на Сириза што е можно побрзо.

Многу е важно оваа влада што поскоро да си замине, а јас се надевам дека тоа ќе се случи пред да падне одлуката за Преспанскиот договор, изјави претседателот на НД.

Зборувајќи за „турските провокации“, Мицотакис рече дека „ние немаме министер за надворешни работи, а министерот за одбрана, Панос Каменос, кој е на крајот на политичката кариера, не се ни обидува да каже што тој мисли“.