Американскиот претседател Доналд Трамп, преку писмо, му честиташе на премиерот на Грција, Алексис Ципрас на ратификацијата на договорот со Преспа.

Трамп во писмото изразил надеж дека историското достигнување ќе инспирира други земји од регионот да ги решат своите билатерални прашања.

Американскиот претседател оценува дека Договорот од Преспа претставува историско достигнување за Балканот и доказ за храброста на водството на Ципрас, додавајќи дека Грција се покажала како столб на стабилноста во сложениот регион, пренесува агенцијата АНА во денешниот извештај.

Трамп подвлече дека Грција е важен партнер и сојузник на САД, а во писмото до Ципрас наведува и дека се радува на продолжување на соработката за обезбедување на мирот и напредокот во источниот Медитеран и на Балканот.

Слична честитка Трамп пред два дена испрати и до премиерот Зоран Заев.