Пратеникот на албанската Социјалистичка партија, Спартак Брахо, денес објави дека има документи со кои се докажува дека поранешниот премиер Сали Бериша соработувал со југословенската тајна служба (УДБА).

Брахо притоа истакнува дека сегашните протести на опозицијата, Демократската партија, го обележуваат неговиот конечен пад и притоа додава дека е дојдено времето нова опозиција со нови членови да влезе во парламентот.

Еди Рама можеби ќе ја загуби власта, но тоа ќе биде поради неговите грешки, а не оти е нападнат од Љуљзим Баша“, вели Брахо.