Американскиот претседател, Доналд Трамп, преку писмо до премиерот Заев ја честиташе ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Во писмото до македонскиот премиер, Трамп решавањето на спорот за името го оцени како најисториско достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор.

„Во име на американскиот народ, Ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство. Преку Вашите напори со Премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија, пишува во дел од писмото.

Доналд Трамп во писмото додава дека се  радуваат на фактот што ќе можат да ја пречекаат земјата како 30-иот сојузник во Северноатлантската алијанса и со која ќе ја продолжат напорите за мирен и просперитетен Западен Балкан.