Студентите во Албанија ги обновуваат протестите. За денес тие закажаа национален протест пред Министерството за образование, спорт и млади под слоганот „Заедо за Албанија како цела Европа, заедно за промени“.

Студентите најавија дека пред Министерството ќе побараат квалитетно образование и вработување.

Овој протест е продолжение на протестите од декември лани, кога студентите протестираа неколку месеци.

Во меѓувреме пратеничката од власта, Милва Икономи, објави дека студентите кои ќе протестираат се дел од партиските структури на Социјалистичкото движење и на Демократската партија, односно париите кои се во опозиција, надвор од парламентот и кои исто така протестираат против владата на Еди Рама.