Голема група студенти ја напуштиле денес средбата со премиерот на Албанија, Еди Рама одржана на Универзитетот во Валона. Тие објавија дека немало за што да се разговара, туку оти премиерот мора да ги исполни нивните барања наведени во 8 точки.

На средбата по двата говора одржани од претставници на студентите, тие ја напуштија салата, а по нив тргнаа и голем дел од присутните студенти. Тогаш, Рама рекол дека сите што не сакаат да останат можат да си излезат.

По ова албанскиот премиер збеснал и користел остар тон и речник за студентите од Валона. Тој дури и го критикуваше начинот на нивниот протест, велејќи дека тие го уништеле масовниот протест кои го почнале.

„Вие го уништивте тоа што го организиравте, масовните протести. Доколку бев на ваше место, ќе направев многу повеќе“, рече Рама.

Протестите на студентите траат веќе 15 дена.