Главниот советник во германската владејачка Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Мартин Хенце, изјави дека тој е за одлагање на локалните избори закажани в јуни во Албанија, а е согласен и за формирање преодна влада.

Според негова проценка владата на премиерот Еди Рама е доволно паметна да почне преговори со опозицијата за креирање преодна влада.

„Според јавното мислење, администрацијата на Владата на Еди Рама е корумпирана. Раздвојувањето на власта не е функционално, а Албанија не ги исполнува минималните стандарди за парламентарна демократија. Политичката одговорност за тоа ја има Рама“, изјави Хенце.

Тој смета дека преодна влада би било идеално решение за таа да може да ги организира изборите во септември или во октомври годинава и тие би биле во исто време и парламентарни и локални.