На 28 октомври за време на воената парада се подготвуваат демонстрации за осуда на Преспанскиот договор и за истакнување на „хеленскиот карактер на Македонија“. На социјалните медиуми е упатен проглас за учество на воената парада со носење грчки знамиња и црни ленти во знак на неподдржување на Договорот за името.

Во меѓувреме се огласи и локалната партија „Остануваме Солуњани“ кои најавуваат протести против владата ан Сириза. Тие истакнуваат дека Владата дејствува во Орвеловски манир и ја растура националната меморија и чувство.

На 28 октомври Грција го слави денот на националниот отпор против фашизмот и нацизмот.