Мигратите кои ноќта ја поминаа во близина на граничниот премин Велика Кладуша – Мањевац, чекајќи влез во Хрватска од Босна и Херцеговина, го пробија првиот коордон на Граничната полиција на БиХ. Пред нив се наоѓа втор кордон на Граничната полиција.

На овој начин, помеѓу 150 и 200 мигранти се наоѓаат на мостот кој од БиХ води кон граничниот премин во Хрватска.

Мигранти, меѓу кои жени и деца, од рано утринава повремео се судруваа со полицијата / Анадолија

Мигрантите на мостот извикуваат, отворете ја границата.

Во вторикот попладето околу 400 мигранти пристигнаа во близината на граничниот премин, а полицијата на околу 100 метри од преминот постави заштитна жолта лента и оневозможи нивно премиување кон Хрватска.

Мигранти заробени во воз на станица во Бихаќ

Нови групи на мигранти повеќе нема да влегуваат на подрачјето на Унско-санскиот кантон бидејќи повеќе нема адекватни сместувачки капацитети, како и заради нарушената безбедносна ситуација во овој кантон, рече комесарот на полицијата од овој кантон Мујо Коричиќ, по состанокот со оперативниот штаб кој се занимава со мигрантската криза.

Патничкиот воз на релација Сараево – Бихаќ со околу 90 мигранти од синоќа стои на железничката станица во Бихаќ

На железничката станица во БиХ синоќа на полноќ е запрен патнички воз од Сараево. Во него имало 99 мигранти, на кои полицијата не им дозволила да излезат. Оперативниот штаб за мигрантска криза утринава заседаваше, но не сооштија што со мигрантите кои се уште се чуваат во возот.