На балканскиот радар во моментов се фатени неколку пожари, од кои два во Албанија и еден на грчкиот остров Лерос.

Секој од нив носи своја опасност. Така на пример пожарот над планината во Тепелена не само што е на непристапен терен, туку целата зона е со неактивирани бомби од Втората светска војна па целата операција на гасење на пожарот е од највисок можен ризик. Во моментов гори трева и нискостеблеста шума, а локалното население ги информирало властите за најмалку две детонации, кои биле мошне силни.

Вториот пожар зафатил борова шума во Шенѓин. Станува збор за планинска зона на кој гасењето на пожарите е можно само со хеликоптери.

Попладнево грчките медиуми јавија за пожар на Лерос. Првите информации кажуваат дека има луѓе кои се наоѓаат заробени на една од плажите.