Реките во Албанија се најзагадени во Европа, се наведува во извештај на Евростат објавен неодамна, објави Албаниан њуз.

Според извештајот, реките во Албанија се загадени со високи концентрации на фосфати и хемикалии.

Според направените мерења, водите во албанските реки имаат највисоки нивоа на биохемикалии со измерени вредности од речиси седум милиграми. Тоа е знак дека постојат знаци на загадување кое го зафаќа квалитетот на водата.

Најчистите води не смеат да имаат 1 милиграм на литар вода, додека умерено загадени се реки со вредност од 2-8 милиграми на литар.

Исто така, реките во Албанија се полни со фосфати.