Албанскиот премиер, Еди Рама и косовскиот вицепремиер, Фатмир Лимај присуствуваа на отворањето на царинската испостава во албанското пристаниште Драч што ќе биде под контрола на косовските власти.

Лимај изјави дека царинската интеграција меѓу Косово и Албанија е најважен проект по тој за изградбата на автопатот Тирана-Морина-Приштина, а Рама додаде дека ова е првиот чекор кон царинска унија на Косово и Албанија.

Косовската царинска испостава се отвора врз основа на одлуката донесена на седницата на владите на двете земји одржана на крајот на ноември во Пеќ.

За Лимај, овој потег е клучен за продлабочување на интеграцијата и соработката меѓу Албанија и Косово.