Италијанската полиција уапсила албански државјанин во чија гаража пронашла 830 клограми дрога.

Акцијата следувала по анонимна дојава до полицијата. Кога полицијата стигнала уапсениот Л.О.(35) бил во автомобил пред гаражата. При контрола кај него бил пронајден пиштол играчка, а во магацинот 564 килограми мархуана и 266 килограми хашиш.

Дрогата, според првичната истрага, била прошверцувана од Албанија.

Ова е прва поголема количина запленета дрога од страна на италијанската полиција прозведена во Албанија годинава. Лани според полицската статистика биле запленете 78 тони марихуана прошверцувана од Албанија.

Во извештај за националната безбедност во италијанските пристаништа во текот на минатата година, Албанија се наведува како една од главните земји за нелегална трговија од секаков вид во Италија во 2018 година.