Илјадници демонстранти, предводени од опозициската Демократска партија, се собраа пред седиштето на албанскиот премиер, Еди Рама во Тирана барајќи негова оставка.

Приврзаниците на опозицијата ја обвинуват владата за корупција и врски со организиран криминал. Опозицијата, чиишто пратеници го напуштија парламентот, одбија дијалог со Рама и побараа преодна влада без него, која би ги организирала предвремените избори.

Не изостанаа повиците „Рама оди си”, „Рама криминалец”, како и транспаренти на кои Рама се идентифкува со Мадуро и со Чавез

Опозицијата бараше дозвола протестот да трае 48 часа, но полицијата го отфрли таквото барање.

Во еден момент, инцидент се случи пред Парламентот, кога дел од демонстрантите се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, поради што полицијата мораше да употреби солзавец а потоа и водени топови. Учесниците во протестот фрлаат тврди предмети кон полицискиот кордон.

Неодамнешните протести прераснаа во насилни, а полицијата почна да ворвраќа употребувајќи сила. Албанија се надева дека во јуни ќе го отпочне преговорите со ЕУ за прием во Унијата. САД и ЕУ ја предупредија опозицијата да не користи или поттикнува насилство и да седне на преговарачката маса.