Дирекцијата на граничната единица на косовската полиција донесе одлука за непризнавање на српските пасоши при влегување на граѓаните на територијата на Косово и Метохија, дознава РТС.

Според одлуката на граничната полиција, забраната не се однесува на лица кои поседуваат лична карта и извод од децата со фотографија.

Граничната полиција одлуката ја донела без согласност на косовскиот министер за внатрешни работи и без вообичаената процедура за известување на јавноста.

Мерките на граничната полиција кои важат од синоќа, ќе ги погоди граѓаните на централна Србија кои преку Косово патуваат во Албанија, Црна Гора, а од документи поседуваат само пасош.

На административните пунктови помеѓу Косово и Метохија и Србија вратени се повеќе семејства со деца и лица кои поседувале само пасош на Република Србија.