Пратеници во албанскиот парламент, претставници на грчката и македонската заедница во Албанија, врз основа на член 96 од Деловникот на Собранието, бараат одржување на интерпелација на премиерот Еди Рама поради доцнењето на носењето на подзаконските акти за спроведување на законот за заштита на националните малцинства.
На 13.10.2017 година Парламентот на Албанија го донесе законот 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој требаше да го пополни правниот јаз за третман на малцинствата во Албанија и исполнување на критериумите за членство во Европската унија.
Со последните одредби на законот (член 23) се бара од Владата „да ги донесе подзаконските акти согласно овој закон во рок од 6 месеци од неговото стапување во сила. Законот беше објавен во Службен весник на 9 ноември 2017-та година и стапи во сила 24 истиот месец. Значи, законот ја задолжи Владата да ги донесе сите подзаконски акти шест месеци по неговото стапување во сила, конкретно пред 24 мај 2018 година.
Иако поминаа две години од донесувањето на овој закон, околу 46% од подзаконските акти сè уште не се донесени и овој закон не се применува.
Почитувањето на правата на националните малцинства е еден од петте главни критериуми што ЕУ ги постави за Албанија да ги започне преговорите за членство.
Comments are closed for this post.