Откако бројот на заболени во Македонија драстично се зголеми, српските туристи ќе ја одбегнуваат нашата земја на пат кон грчките плажи. Весникот „ Novosti“ направи репортажа на патувањето низ Бугарија кое го оценуваат како побезбедно отколку да одат преку Македонија.

Тие сметаат дека Македонија во овој момент не е безбедна за патување и дека иако низ Бугарија нема автопат на целото патување ќе одат преку граничниот премин „Кулата“ намето низ Табановце.

Не ги поколебува цената на горивата во Бугарија, која е идентична како во Србија, ниту цената која треба да ја платат за вињета.

Патувањето од Србија кон Грција преку Бугарија е подолго за стотина километри и подолго за час-до два отколку да се патува низ нашата земја.