Македонското малцинство ги потврдува информациите дека грчката православна црква прави притисок до свештениците во северниот дел на земјата да не одржуваат литургии на македонски јазик

Грчките митрополити се „збеснати“ поради нашата интервенција до Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Настојуваме да бидеме позитивни во целата оваа ситуација-велат Македонците во Грција за Пресинг ТВ.

Претходно, партијата Виножито, која ги претставува и интересите и правата на Македонците во Грција, испрати писмо до Цариград со барање да се овозможат црковни литургии и богослужби на македонски јазик.

Грчките пишуваат дека Грчкиот Синод по писмото кое го доставила партијата која ги застапува Македонците во Грција „Виножито“, свикале итен состанок и веднаш реагирале кај највисоките црковни инстанци.

По неколкуте точки на итниот собир на Грчкиот Синод, меѓу приоритетните точки за одлучување на маса било ставено и ова барање.

Синодот на Грчката православна црква во писмо до екуменскиот патријарх Вартоломеј изрази загриженост за барањето на „самопрогласените Македонци од северна Грција да имаат литургија на македонски јазик“, објави весникот „То пондики“.

Во вторникот и средата постојаниот свет Синод заседавал, се донеле повеќе одлуки, како таа за именување нови владици, за давање помош од по 1.000 евра на 200 семејства погодени од ланските пожари во Атика, но го разгледале и барањето на Македонците во Грција да имаат богослужби на македонски јазик. И тоа, како што наведува „Пондики“ во „чувствителен регион“.

Според грчкиот Синод, кој писмото до патријархот Вартоломеј го испратил вчера, се истакнува дека станува збор за таканаречен идиом кој го зборуваат самопрогласени Македонци и оти треба д асе земе предвид дека се однесува за „национално чувствителен регион“.