Оваа куќа некогаш му припаѓала на основачот на југословенските тајни служби, Александар Ранковиќ. Тој ги формирал УДБА и ОЗНА кои сееле страв во СФРЈ.

Сега куќата се распаѓа и Србија не знае што да прави со неа бидејќи трошоците за да се обнови се огромни а згора на тоа никој не сака да ја купи.

За оваа куќа се плетат многу приказни, дека во нејзините подруми се мачеле неистомислениците до тоа дека тука Ранковиќ ги правел списоците кога да испрати на робија на Голи Оток.