Во последно време младите на Балканот се повеќе посегнуваат по Амфетамини и метамфетамини без да знаат какви фатални последици може да имаат по здравјето.

Луѓето кои користат големи количини амфетамини и метамфетамини за подолг период може да се развиат амфетаминова психоза – ментално растројство кое наликува на параноидната шизофренија.

При употребата на амфетамини и метамфетамини многу брзо се развива толеранција,зголемена концентрација, супресија на замор и поспаност, губење на апетит, зголемена самодоверба.

Долгорочни ефекти пак можат да бидат вознемиреност, раздразливост, губење на тежината, анксиозност, параноја, агресивност, физичко исцрпеност, оштетување на бубрезите и црниот дроб и сл

Метамфетамините може да се продаваат во форма на кристали но и  двата вида супстанции можат да се шмркаат, да се проголтаат или да се инјектираат.