Саудискиот крал Салман нареди истрага за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, откако турските власти најавија претрес во саудискиот конзулат.
Да потсетиме, во конзулатот во Истанбул на 2 октомври исчезна новинарот на „Вашингтон пост“, Саудиецот Џамал Кашоги. Убиството следело четери дена откако водечкиот критичар на саудискиот режим влегол во Кралскиот конзулат.
Турските власти излегоа со шокантно откритие дека новинарот бил убиен од агенти на тајната служба на Саудиска Арабија, на што Ријад негира и тврди дека обвинувањата се неосновани. Саудиска Арабија, засега, не понуди никакви докази дека Кашоги излегол од конзулатот, а неговата вереница, која го чекала пред зградата, тврди дека воопшто не излегол.
Меѓутоа, случајот со Кашоги не е само случај за исчезнат новинар. Тој прерасна и во геополитички проблем.
Како што оценува Радио слободна Европа, исчезнувањето на саудискиот новинар ја стави на тест довербата во Ријад меѓу блиските сојузници, а овој случај би можел да има големи економски последици.
Велика Британија, Франција и Германија објавија заедничко соопштение во кое повикаа Саудиска Арабија и Турција да спроведат кредибилна истрага околу исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги.
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата.
„CNN“ наведува дека постојат две верзии на приказната во светот кои се однесуваат на исчезнувањето на новинарот, како и неразјаснети детали околу ичезнувањето, и тоа не само во детали од приказната, туку и во целиот наратив.
Тоа е, пред се, потенцијално опасно за престолонаследникот на Саудиска Арабија, кој е главна сила во кралството повеќе од две години. Ако се изнесат доказите, дека Кашоги настрадал од насилна смрт или дека го киднапирале саудиски агенти, кралството нема алиби кое би можело да одговори на тоа, наведува „CNN“.
Најчуден детал на реакциите за можното киднапирање и убиство на саудискиот критичар и новинар на „Вашингтон пост“ во Турција е идејата дека меѓу американската надворешнополитичка елита, Саудиска Арабија високо го цени долгогодишниот сојуз со Вашингтон и дека затоа никогаш не би се мешал во таква гротеска, пишува колкумнистката на „Вашингтон пост“ Колберт Кинг и наведува дека со тоа не се согласува.
Династијата Сауд, која владее со кралството, не е Влада… Фамилијата нуди лик на верска побожност. Но Саудиска Арабија е меѓу најлошите, кога станува збор за човечките права. Замолчувањето е модел на судиската уметност, пишува Кинг.
Авторката на крајот заклучува дека Џамал Кашоги ќе биде јавно оплакуван и ожалостен, но на саудиско-трамповски начин. Нашиот храбар колега е само досаден и комплициран сигнал на радарот, заклучува Кинг.
Случувањата, како што ги опишуваат турските власти, се за чудење и ја преиспитуваат довербата во принцот Мухамед, дури и меѓу неговите најблиски соработници, кои минатата недела недвосмислено понудија поддршка на неговата амбициозна програма за реформи. Со многу докази на Турција против Саудиска Арабија кои сега се јавно откриени, Анкара и Ријад се обраќаат кон Вашингтон како би предложил излез од кризата која по се изгледа отиде во бескрајни размери.
Comments are closed for this post.