Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата.

Засега (Саудијците) енергично негираат дека се инволвирани. Можно ли е да бидат? Да. Ако се докаже дека Саудиска Арабија е одговорна ќе има сурова казна, изјави Трамп во интервју за Си-Би-Ес.

Трамп додаде дека случајот е особено важен бидејќи „тој човек беше новинар“.

За Кашоги нема никакви иформации откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври. Турските и саудиските власти даваат противречни изјави. Анкара тврди дека тој не излегол од конзулатот, а Ријад вели дека Кашоги истиот ден го напуштил објектот.

Кашоги, кој живееше во егзил во САД, исчезна во Истанбул минатиот вторник, по посетата на Конзулатот, каде бил заради документи кои му биле потребни за склучување брак, појасни неговата свршеница.