Саудиска берза падна за повеќе од 6,8 отсто откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со  “сериозната казна” поради исчезнувањето на писателот и новинар Џемал Кашоги.

Трамп во интервју за СБС изјави дека “ќе ја истераме работата до крај  и тоа ќе биде сериозна казна”, пренесе агенцијата АП.

Турските власти изразија  загриженост дека Кашоги, саудиски новинар кој работел за Вашингтон Пост, бил убиен откако влегол во конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври.

Него , како што се сомнева  турската влада го убиле  агентите на Саудиска Арабија.  Од саудиска страна  изјавија дека обвиненијата се “неосновани”.

Сепак, Саудиска Арабија, засега, не покажа никакви докази дека Кашоги е излезен од конзулатот.