Генералниот директор на компанијара „Лидл Србија“, Томислав Шапина најави дека до крајот на годината ќе бидат отворени уште седум нови продавници на „Лидл“ во Србија. Еден од маркетите ќе биде отворен во Белград, кај Ада Циганлија, а останатите ќе бидат распределени во Вршац, Инџија, Јагодина, Кикинда, Крушевац и Панчево.

За ваквиот потег на компанијата, придонес има и значителниот интерес што кај купувачите го предизвика отворањето на претходните 16 маркети во 12 српски градови.

Првите денови од работата на ‘Лидл’ во Србија минаа во знак на долго очекуваната средба. Лично посетив голем број продавници и бев зачуден од позитивната енергија што можеше да се почувствува. На потрошувачите пред се им благодарам на довербата што ни ја укажаа и се надевам дека ќе продолжат да купуваат кај нас. По ‘славеничките’ цени  по повбод на отворањето, ќе продолжиме квалитетот да го правиме достапен за сите – се наведува во соопштението на директорот.