Словенечки туристи кои за Меѓународниот ден на трудот ја посетиле Задарската општина се најдоа во центарот на вниманието заради знамето кое го закачиле на врвот од планината каде кампувале.

На планинарскиот излет го „освоиле“ Ваганскит врв, највисокиот на планината Велебит, а таму го поставиле знамето на СФРЈ, пишува сајтот „Антена Задар“.

Знамето набрзо го тргнал пратеникот на партијата „Независни за Хрватска“ Елвис Госпиќ кој се нашол во близина.

„Сите гости на „Лијепа наша“, како и нашата општина и градот Задар треба да покажат почитување и достоинство имајќи на ум кои стравови овој народ поминал од таа иста петокрака, изјавил Мате Лукиќ, претседател на задарскиот огранок на партијата „Независни за Хрватска“ .