Само што се ратификуваше Преспанскиот договор од грчкиот парламент, Апостолос Глетос, градоначалникот на градот Стилида, си поднел оставка.

Во писмената оставка објавена во медиумите Глетос наведува дека уште од времето на владетелот Јанис Каподистриас до денес имало моменти кога грчките влади биле нехумани, или работеле спротивно на грчките интереси.

„Таков момент ни се случи денес, кога странски центри и сили од надвор  ја натераа Грција на Скопје да му го даде името Северна Македонија. Ова ќе ја отвори старата рана и ќе ги донесе злите духови во земјата. Разочаран сум. Затоа си поднесувам оставка од функцијата градоначалник на Стилида во знак на протест и веројатно како охрабрување за младуте луѓе кои и не знаат колку големи политички игра се играат“, наведува градоначалникот на градот Стилида кој има малку повеќе од 6.000 жители.