Маските во училниците ќе бидат задолжителни за сите ученици од прво одделение, па до 12-ти клас ако училиштето се наоѓа во област со жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на он-лајн настава ќе биде ако 10 отсто од учениците се заразени, а не 15, како што беше до сега. Истовремено, и шестгодишните деца во градинките ќе мораат задолжително да носат заштитини маски.

Ова го предвидува протоколот за образование за време на пандемија, подготвен од Министерството за образование, во соработка со здравствените работници, кои и ги дале предлозите.

-Ако децата се во зелена зона, учениците од од прво до четврто одделение и децата во градинките, со одлука на педагошкиот совет, можат да бидат без маски. Но, ако се во жолта или црвена зона, и тие ќе треба да носат маски, соопшти министерот за образоваие, Николај Денков.

Според него, ова се налага, зашто новиот делта сој е многу позаразен и полесно се пренесува од децата. Бидејќи моментно речиси сите области во Бугарија се жолти и црвени, тоа во пракса ќе значи дека децата од 15-ти септември ќе треба да се со маски во училниците за време на часовите. Тоа се однесува и на учителите, вклучувајќи ги и вакцинираните, зашто и имунизираните можат да го пренесуваат вирусот.

Минатата учебна година заштитите маски беа задолжителни само за повозрасните ученици, но не и за помалите од прво до четврто одделение, заради протестите на родителите.

При влегувањето на целата држава во црвена зона, училиштата ќе го применуваат принципот на ротација, според кој, први кон он-лајн настава ќе преминат највозрасните ученици од 11-ти и 12-ти клас, па потоа тие од 8-ми до 10-ти и на крајот тие од 5-ти до 7-ми клас. За учениците од прво до четврто одделение ќе се направи се што е можно тие да останат максимално подолго во училиштата.

-Ротацијата ќе ги штити максимално помалите ученици, зашто таа ќе биде со различна должина, посочи министерот Денков.

Според него, протоколите се флексибилни и ќе даваат можност секое училиште да ги затвора своите врати в о различно време, во зависност од своите специфики и заболеноста во регионот. При преминот на он-лајн настава во училиштата ќе се следи принципот во училниците да останат 50% од учениците, а не 38 како што беше до сега.

По думите му Насоките са гъвкави и ще дадат възможност всяко училище да затваря врати по различно време в зависимост от спецификата си и заболяемостта в региона. При превключване към е-уроци в дадено училище ще се следва принципа в клас да останат 50% от учениците, а не 38%, както досега. Училиштата ќе можат да организираат и комбинирани паралелки, но само со одлука на педагошкиот совет на училиштето и доколку заболеноста е од 250 до 500 лица на 100.000 луѓе, односно само кога областа ќе влезе во црвена зона.

Ако двонеделната заболеност надмине 500 лица на 100.000, тогаш мсе влегува во темноцрвено сценарио и сите ученици, со одлука на министерот за образование, наставата ќе ја следат он-лајн.