Европската унија ја повикува Србија да се бори против „зависноста од испораката на рускиот гас“, се наведува во извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во мој годинава изјави дека на земјата и е потребен рускиот гас и заради тоа ја поддржува изградбата на „Турски тек“.

Освен тоа, ЕУ изразува загриженост заради воената соработка на Србија со Русија и Белорусија, меѓу другото му препорачува на Белград да „обезбеди поголема согласност“ помеѓу својата и европската надворешна политика.

Истовремено, Европскиот парламент потсетува дека Белград добива финансиска помош од ЕУ. Познавачите на состојбите истакнуваат дека раководството на Европската унија бара начин да изврши притисок на српското раководство, обидувајќи се од него да добие „политичка лојалност“ во замена паричната помош. Притоа самиот Белград повеќе пати изјави дека земјата е заинтересирана за сестрани контакти со Москва и дека не сака да се придружи на анитруските санкции.

ЕУ е загрижена заради континуираната воена соработка на Србија со Русија и Белорусија, се наведува во извештајот.

Одбранбената политика на Србија се заснова на воена неутралност. Според парламентарната резолуција усвоена во 2007 година, земјата е обврзана да ја одржува неутралноста и да не се приклучува кон воени блокови.