Едмонд Темелко загуби на локалните избори во Албанија. Нов градоначалник на Пустец, каде што живеат најмногу Македонци е Пали Колефски, кој е член на Социјалистичката партија. Колефски го победил Темелко со 780 гласа повеќе.

По 12 години општина Пустец во која живеат најмногу Македонци, се враќа под раководство на Социјалистичката партија.

Пустец е првата општина за која официјално беа соопштени резултатите од пребројувањето на гласовите од локалните избори во Албанија.