Триесетдневен притвор му е одреден на полицискиот службеник В.Ж. од полициската станица во Мионица во Србија, поради сомнение дека со месеци обљубувал 13-годишно девојче. Станува збор за маж во своите четириесетти години, татко на три малолетни деца. пишува „Блиц.рс“.

Како што пишуваат српските медиуми, девојчето било другарка на неговиот син, што тој го искористил за подобро да се запознае со нејзината семејна состојба. Користејќи ја незрелоста на девојчето, тој во март прво стапил во контакт со неа преку социјалните мрежи, а потоа почнал да ја вози во своето возило на скришни места, каде имал сексуален однос со неа.

Мајката открила што се случува откако забележала дека нејзиното девојче се однесува чудно. Меѓудругото, во неговиот мобилниот телефон пронашла необични и експлицитни пораки, па ги пријавила во полиција.

Девојчето во својот исказ на истражните органи призна дека било во „емотивна“ врска со осомничениот, дека во него „практично се заљубило“, па не било присилено на сексуални односи. Пред да даде исказ, како што е предвидено со законот, со него разговараа стручни лица кои проценувале дали тоа е способно да даде исказ и да каже што се случувало помеѓу него и осомничениот. Уапсениот се бранеше со молчење, рекол извор на „Блиц“.

За да не биде попречена понатамошната истрага и да се заштити идентитетот на жртвата, детали не се соопштуваат.