Норвешкиот совет за бегалци предвидува 2019 да биде година во која 132 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна помош, а притоа се додава дека Европа речиси неизбежно ќе се соочи со нов бегалски бран.

Институтот за истражување миграции смета дека во моментов бегалска криза се одвива во Турција и во Грција, па дури врз основа на истражувања на терен, утврден е и датум кога првиот бегалски караван ќе тргне од тие земји преку Западен Балкан и ќе се упати кон Германија како крајна дестинација.

Извештајот се заржува на „два каравана“ организирани преку Фејсбук кои во секое време, а најверојатно на почетокот на наредната недела, ќе се обидат да ја преминат границата на ЕУ. Според информациите на Зрак на надеж караванот од Грција Институтот заклучува дека околу 20.000 луѓе се приклучиле на карванот, повеќето од нов Сиријци. Планот е организирано со автобуси од Атина и од Солун да се соберат во Јанина, а кон Албанија би тргнале на 5 април. Потоа би продолжиле по познатата рута кон Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

На лицата кои ќе бидат во караванот им се даде инструкции со себе да носат шатори, лекови, храна и пари доволни за патување од 7-10 дена. Иако границите се затворени за мигранти, организаторите сметаат дека Грција на кратко време ќе ја отвори границата.

Во исто време се организира и вториот караван во Турција во градовите Санлиурфа и Газиантеп, каде што во последните недели дошле десетици илјади мигранти. Денот кога тој караван ќе тргне кон европските граници не се знае, но се смета дека турските власти ќе се обидат да го запрат.