Поради масовното иселување на населението, Хрватска станува светски реордер според недостатоткот на работна сила, покажува истражувањето на консултантската куќа, „Менпауер“, спроведено во 44 држави.

Истражувањето опфатило 620 репрезентативни компании и покажало дека хрватските претпријатија за вториот квартал годинава бараат 34 отсто повеќе нови работници отколку во првото тромесечје, пренесува „Seebiz“.

Најголемиот недостаток на работна сила е забележан во северниот дел на Јадранот, во претпријатијата на Истранската, Приморско-горанската и Личко-сењската жупанија, коишто имаат во план да вработат 50 отсто повеќе работници, отколку што имале во првиот квартал од 2019 година, а најголема причина за такво нешто е почетокот на туристичката сезона.

За претпријатијата ќе биде предизвик да ги исполнат тие планови. Големата потреба за работници се покажува не само во туризмот, туку и во останатите стопански сектори, во сите хрватски региони и кај сие работодавачи, независно од тоа дали се големи или мали. Најмногу се бараат келнери, собарици, помошен персонал во кујна, ѕидари, техничари, електричари и слични професии“ – изјавил Горан Шимуновиќ, менаџер за привремено запослување во „Менпауер“.

Шимуновиќ истакнува дека рекордно високата потрага за нови работници не е знак за некој нов туристички, градежен или севкупен економски замав, туку во тој процент влегуваат и работните места коишто во минатите години се испразниле, а работодавачите не можат да ги пополнат.

Според проценките на „Менпауер“, во хрватската економија, во моментов, недостасуваат 100 илјади работници, а секоја година недостатокот станува се поголем.