Вистинска драма се одиграла на небото над Словенија. Гром го погодил владиниот „фалкон“ со кој министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, патувал кон Љубљана.

Благодарение на присебноста на пилотот авионот безбедно е приземјен на љубљанскиот аеродром, а Дачиќ го продолжил патот кон Блед, каде ќе учествува на стратешки форум.

Силно невреме денеска ја погоди Словенија и Хрватска, каде само за два часа забележани се повеќе од 20 илјади молњи.

Ова не е прва ваква ситуација со авионот „фалкон“ на Владата на Србија. Кон крајот на мај над небото на Грција истиот авион се расипа во кој исто така се наоѓаше Дачиќ и беше принуден итно да слета на аеродромот во Атина и тоа во рок од 15 минути.