Националната агенција за заптита на околината денес објави извештај во кој се наведени неколку плажи во Албанија кои се со високо ниво на загаденост, односно какоп што се наведува во медиумите „позагадени од другите плажи“.

Загадувањето најмногу е предизвикано од канализациските мрежи, но и од фрлањето ѓубре на и околу плажите оид туристите. Како сериозен прболем се нерешените санитарни јазли.

На списокот на најзагадени од загадените се Жирон плажата кај Кештелја, во близина на плажата Плепа во Драч, пред пПморското училиште во Валона, Страта Плажа кај К. Пионери во Валона и Старата кабинска плажа, исто така, во Валона.