Европската комисија денеска соопшти дека одлучила да испрати официјално известување до Бугарија за неправилната примена на законодавството во областа на азилот.

Комисијата утврдила дека недостатоците во бугарскиот систем за обезбедување на азил и поврзаните помошни услуги ги нарушуваат директивите за процедурите за азил, за условите  за прифаќање и Повелбата на основните права.

Стравувањата се однесуваат на сместувањето и легалното претставување на неполнолетни без придружба, правилното откривање и поддршка на ранливи кандидати за азил, обезбедувањето на соодветна правна помош, задржувањето на кандидатите за азил и заштитните мерки во рамките на процедурата по притворањето.

Ако Бугарија не преземе мерки во следните два месеца, Европската комисија може да испрати мотивирано мислење по ова прашање, се посочува во соопштението.