Турските власти запленија 31 килограм и 165 грама кокаин при четири акции спроведени на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Кокаинот бил транспортиран од граѓани на различни земји, кои пристигнале оваа недела во Истанбул од Јужна Америка.

Во првата акција, на аеродромот Ататурк биле откриени четири килограми и 585 грама кокаин, скриен во куфер на италијанска државјанка. Италијанката пристигнала во Турција од Сао Паоло. Жената е притворена.

Во втората операција, три лица беа уапсени – двајца Колумбијци и еден Турчин. Тројцата мажи сокриле во нивниот багаж вкупно 10 килограми и 450 грама кокаин.

Полицијата оваа недела на аеродромот приведе уште еден колумбиски државјанин, со куфер во кој имало 14 килограми и 200 грама кокаин.

Во друга акција било откриено дека во куфер на Украинка, која пристигнала од Сао Паоло во Истанбул, имало кокаин, распределен во 67 конзерви. Украинката требала да ја пренесе дрогата во Виетнам.