Туристи кои се превезувале на брод за крстарење покрај брегот на Пилос, кај грчкиот полуостров Пелопонез, биле сведоци како членови на екипажот спасија 111 мигранти.

Според информациите од грчката Крајбрежна стража на бродот имало 68 мажи, 10 жени, 29 малолетни машки деца и 4 малолетни девојчиња.

Две лица кои управувале со бродот се уапсени, а мигрантите биле одвезени во градот Каламата.

Од Меѓународната организација за миграции (ИОМ) неодамна соопштија дека од јануари 682 лица исчезнале во Медитеранот, а околу 31.600 пристигнале во некое пристаниште.