Американскиот сенатор Рон Џонсон кажа дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ знае дека договорот со Приштина нема да биде популарен, но, како што истакна, политичката болка ќе биде вредна.
Џонсон во интервју за Гласот на Америка рече дека разговарал со државниот секретар Мајк Помпео на кому му го пренел повикот на Вучиќ, Доналд Трамп да ја посети Србија, а ќе му пренесе и лично кога ќе се сретнат.
Истакнува дека на Трамп веќе му ги пренел претходните покани на Вучиќ, а на прашањето дали американскиот претседател ќе дојде во Србија, одговара: „Тој е многу зафатен, но ја изразува својата поддршка кон Србија и Косово да дојдат до договор и го остават проблемот зад себе“.
Џонсон изјави дека верува оти престедателот на Србија, Александар Вучиќ и на Косово, Хашим Тачи имаат волја да ги решат односите меѓу Приштина и Белград и како што вели, свесни се дека договорот до кој може да дојдат, краткорочно нема да биде популарен.
Сенаторот кај Вучиќ примарно цени тоа што сака да го реши проблемот со Косово, што, како што вели, може да го каже и за Тачи.
„Имаат добра волја за тоа, а истовремено препознаваат дека станува збор за тешко прашање. Се надевам дека таа нивна решителност, сепак, ќе биде доволна за некаков напредок“, изјавува Џонсон во одговор на прашањето каков е неговиот впечаток, дали Вучиќ е подготвен на компромис.
Comments are closed for this post.